
Елиф Елмас би можел да остане во италијанскиот фудбал и во новата сезона, бидејќи за македонскиот репрезентативец се појави интерес од Фиорентина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на „Кориере дело Спорт“, клубот од Фиренца веќе стапил во контакт со Елмас и му претставил конкретна понуда. Македонскиот фудбалер, сепак, засега не донел конечна одлука и побарал дополнително време за да ја разгледа можноста за нов трансфер.
Фиорентина сака да го засили составот со квалитетен и искусен фудбалер, а Елмас се вклопува во профилот што го бара клубот. Доколку постигнат договор, за него тоа би значело продолжување на кариерата во Серија А.