
Откриени се нови информации за Џани Инфантино, наводно имал љубовница додека работел во УЕФА и на неа ѝ била исплатена одредена сума на пари за да си замине.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Нема мир за Џани Инфантино, како што минуваат деновите, појавуваат се нови загрижувачки информации за првиот човек на ФИФА. Овој пат станува збор за детали околу неговата наводна љубовница која ја имал додека бил генерален секретар на УЕФА.
Британскиот „Телеграф“ објавува информации дека УЕФА ѝ исплатила “шестцифрена сума на пари”. УЕФА на крајот и самата призна дека на таа жена ѝ исплатила голема сума на пари и дека се свесни дека наводно била во врска со Инфантино, но од тој настан малку ги “заостриле правилата за да се зацврстат како сериозна организација”.
Според нивните наводи, Инфантино ѝ давал унапредувања и ја “туркал” на одредени позиции, а кога ја напуштил својата функција, УЕФА ѝ платила да заврши мастер студии на една бизнис школа.