Дома Фудбал „Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со четири бомби“

„Влегувам на стадионот за да го разнесам Меси со четири бомби“

Светското првенство во фудбал не се водеше само на теренот. Додека репрезентациите водеа битки за трофејот, во позадина се одвиваше сериозна безбедносна операција предводена од американскиот FBI.

Ексклузивни документи до кои дојде истражувачкиот канал “Пренса Иберика” откриваат дека за време на целиот Мундијал, безбедносните служби секојдневно ги следеле терористичките закани, вознемирувањето на фудбалерите, насилните навивачи и сите инциденти кои можеле да го загрозат најголемиот фудбалски настан во светот.

Во центарот на операцијата беше Меѓународниот центар за полициска соработка (МЦПС), каде американските федерални агенти и полицајци од земјите учеснички на турнирот работеа заедно.

Според полициските извештаи, најголемиот број сериозни закани беше насочен кон Лионел Меси.

Еден од најалармантните инциденти се случи пред натпреварот на Аргентина и Јордан во Далас, кога еден маж пријавил по телефон дека тој и уште две лица доаѓаат на стадионот вооружени со бомби и полуавтоматски пушки.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Зидан збесна по голот за победа на Франција, за малку ќе се повредеше (Видео)

Селекторот на Франција, Зинедин Зидан, не можеше да ја сокрие радоста откако Мајкл Олисе п…