
Фудбалските сојузи на Мексико и Аргентина му дадоа поддршка на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој се наоѓа под притисок по неуспешниот план за продажба на комерцијални права од Светското првенство на приватни инвеститори.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Особено важен е потегот на Мексико, кој со тоа застана на спротивната страна од КОНКАКАФ. Регионалната конфедерација претходно побара “целосно преоценување” на мандатот на Инфантино.
„ФМФ нема да го признае ниту одобри ниту еден процес започнат надвор од институционалната рамка”, изјавил Фудбалскиот сојуз на Мексико, со порака дека го поддржува Инфантино и продолжувањето на развојот на фудбалот преку зајакнување на институциите.
Поддршка дала и Аргентина. АФА го пофалила работата на ФИФА во последните десет години, особено развојот на фудбалот и институционалната стабилност, како и одлуката на Инфантино да го повлече спорниот предлог.
“Важно е да се нагласи прифаќањето на грешките направени во овој процес, како и извинувањето изразено во искрена порака упатена до 211 членки на Фифа”, се вели во соопштението на АФА.
Инфантино истовремено има силна поддршка во Африка. Африканската фудбалска конфедерација, која ги обединува 54 сојузи, едногласно ја потврдила поддршката за претседателот на ФИФА, додека претходно четворица африкански членови на Советот на ФИФА го поддржале.