Дома Фудбал Рафаел Леао со нова понуда од Турција

Рафаел Леао со нова понуда од Турција

Иднината на Рафаел Леао во Милан и натаму е неизвесна, додека Галатасарај се појавува како сериозен конкурент за привлекување на португалскиот напаѓач.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според извештаите на италијанскиот “Спортмедијасет”, турскиот клуб испратил понуда во вредност од 30 милиони евра, со дополнителни пет милиони како бонуси, која Росонерите веднаш ја одбија.

Како што беше веќе објавено, Милан има намера да добие околу 50 милиони евра за 27-годишниот португалски репрезентативец, но Галатасарај не се откажува и според истиот извор, подготвува нова понуда. Новата понуда би вклучувала позајмица со обврска за купување, со вкупна вредност која би достигнала 40 милиони евра плус бонуси.

Желбата на играчот, кој до сега никогаш не покажа спремност за премин во турската лига, останува голема мистерија. Милан, од своја страна, очекува значајно финансиско засилување за да го зајакне тимот под водство на Аморим, со оглед на тоа дека досега ангажираа само Гонсало Рамос, Марио Хил и младиот Санкун Диавара.

Рубен Аморим веќе зборуваше за ситуацијата со Рафаел Леао, нагласувајќи дека неговата состојба не се разликува од онаа на останатите соиграчи.

– Тој ужива, но е играч на тимот. Против Интер помогна на тимот и тоа е важно. Но, го оценувам како што ги оценувам Нкунку или Камарда – изјави Аморим по нерешениот натпревар со Интер (1:1) на неодамнешниот пријателски меч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико Мадрид презема (не)очекуван потег!

Атлетико Мадрид продолжува да биде една од главните теми на летниот трансфер период, а од …