
Бразилскиот тенисер Жоао Фонсека се пласираше во третото коло на АТП Мастерсот во Монтреал, откако со 2:0 во сетови го победи Стефанос Циципас, со сетови 7:6, 7:5.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Ова не беше толку лесен меч за Фонсека, но по речиси два часа тенис, Бразилецот успеа да триумфира.
Токму поради долгата игра, Фонсека беше прашан после победата што мисли за идејата на Новак Ѓоковиќ, дека скоринг системот, наместо на шест гема, треба да биде на четири добиени гема по сет, на што Фонсека даде срамен коментар.
– Мислам дека тоа го вели поради неговата физичка подготвеност. Станува постар. Тоа е она што можам да кажам – рече Фонсека, што предизвика незадоволство меѓу фановите на Новак на социјалните мрежи.