Дома Фудбал (ВИДЕО) Голема трагедија: Гром усмрти фудбалери, а уште 12 се повредени

(ВИДЕО) Голема трагедија: Гром усмрти фудбалери, а уште 12 се повредени

Страшна трагедија се случи во Тајланд за време на еден фудбалски турнир. Млад фудбалер почина откако го удрил гром за време на натпреварот во Тајланд.

Трагедијата се случи на стадионот „Сантипап“ во полуфиналето на регионалниот турнир Голок ФА куп 2026. Гром удрил во тревата на стадионот во Наративат.

Крилниот играч на ФК Јала, Софван Аве (24), беше пренесен во болница во критична состојба, откако се обидоа да го реанимираат на теренот, но не успеаја да го спасат. Повредени се уште 12 фудбалери кои се задржани во клиниката на лекување. Некои од нив имаат потешки изгореници по целото тело.

Фудбалер загина по удар од молња за време на натпревар во Тајланд. (внимание, тешки сцени!)

Трагедијата се случи на регионалниот турнир Голок ФА куп 2026 во провинцијата Наративат.

Според првичните информации, уште девет лица се повредени. pic.twitter.com/0iO5YoQpyO— Солнечни Топотун (@PZTopotyn66) 5 август 2026

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вонредни мерки пред Лил – Галатасарај: над 800 лица во обезбедување, рестрикции за гостинските навивачи

Мечот од Лигата на шампионите е означен како високоризичен, па француските власти воведува…