
Меморандумот од октомври 2020 година покажува дека се разгледувало натпреварување со 15 постојани членови, име на ФИФА и посебни управувачки права, иако не е утврдено дали планот некогаш преминал во конечен договор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Европската Суперлига предизвика еден од најголемите потреси во модерната историја на фудбалот, а сега во јавноста испливаа документи кои целата приказна ја прикажуваат во поинакво светло. Според пишувањето на британскиот Guardian, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино бил запознаен со преговорите за можната поврзаност на светската куќа на фудбалот и отцепеното клупско натпреварување. Разгледувана е дури и можноста проектот да го носи името „ФИФА Суперлига“.
Документот кој го објави „Гардијан“ е датумски од октомври 2020 година, неколку месеци пред официјалното претставување на Европската Суперлига. Станува збор за правно необврзувачки меморандум, односно документ кој обично претходи на изработката на конечен договор. Не е познато дали разговорите некогаш отишле понатаму од таа фаза.
Во меморандумот се предлагало партнерство меѓу ФИФА и Суперлигата со траење од најмалку 12 години. Се планираше и основање на заедничка компанија која би управувала со комерцијалните работи на новото натпреварување. На овој начин, FIFA би добила значајна улога во проектот кој подоцна на јавноста ѝ беше претставен како бунт на најбогатите европски клубови против постојниот систем.
Планираната Суперлига би имала 20 клубови, од кои 15 би добиле статус на постојани членови. Останатите пет места би биле достапни за екипите кои би се квалификувале преку постојните натпреварувања. Токму затворениот карактер на проектот предизвика најголем гнев кај навивачите кога Суперлигата беше претставена во април 2021 година.