Дома Фудбал Атлетико му ја исполнува желбата на Симеоне и оди по голема аргентинска ѕвезда

Атлетико му ја исполнува желбата на Симеоне и оди по голема аргентинска ѕвезда

Атлетико Мадрид подготвува прва понуда до Тотенхем за Кристијан Ромеро во износ од околу 30 милиони евра. Аргентинскиот репрезентативец како стопер му даде предност на мадридскиот клуб пред Интер и сака трансфер, а ова е нов обид на Атлетико за да го доведе играчот што тренерот Диего Симеоне долго го посакува. Клубот се подготвува за реализација на трансферот со продавање на Матео Ругери и Нахуел Молина, што е предуслов за нови инвестиции, пишува Марка.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Атлетико работи на финансиските услови за да го обезбеди доаѓањето на Ромеро. Очекуваните заминувања на Ругери во Астон Вила и Молина во Рома се важни не само поради обештетувањето, туку и заради ослободување средства во буџетот за плати. Ромеро во Тотенхем има еден од поголемите договори, па за неговото ангажирање неопходно е да се создаде финансиски простор.

Минатото лето трансферот не се реализираше бидејќи Атлетико не беше подготвен да плати 55 милиони евра, колку што бараше Тотенхем тогаш. Иако Ромеро и сега е главна цел, клубот паралелно ја следи и состојбата со Нико Гонзалес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Познат е следниот клуб на Душан Влаховиќ!

Претседателот на Бешикташ Серал Адали потврди дека турскиот великан води преговори со српс…