Дома Фудбал Ништо нема да биде исто: Шпанците воведуваат нови правила оваа сезона

Ништо нема да биде исто: Шпанците воведуваат нови правила оваа сезона

Шпанското фудбалско првенство, едно од најсилните во светот, започнува на 15 август. Шпанците најавуваат дека ќе воведат некои нови правила од оваа сезона. Целта е да се намали одолжувањето на крајот од натпреварите и општо да се добијат подинамични натпревари. Најзначајните промени се следниве:

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


1. Се воведува ограничување на времето за измени. Играчот или играчите треба да го напуштат теренот за десет секунди. Ако тоа не го сторат, замените нема да можат да влезат на теренот сѐ до следниот прекин во кој судијата ќе дозволи замена.

2. Повреда на голманот на крајот од натпреварот значи дека тренерот ќе мора да избере еден играч од полето кој ќе излезе од игра и ќе треба да остане надвор барем една минута откако играта ќе продолжи. Со ова се сака да се спречи претерано одолжување со повредите на голманите на крајот од натпреварот. Ако тренерот не избере кој играч ќе го напушти теренот, тогаш автоматски од игра излегува капитенот. Нема да се казнува ако судијата процени дека станува збор за тешка повреда, потрес на мозокот или крварење.

3. Тимовите имаат пет секунди за извршување на аути, но, сега, исто така и на корнери.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Колку бара ПСЖ и кој е „плафонот“ на Ливерпул за трансферот ан Бредли Баркола?

Фудбалскиот клуб Ливерпул е во преговори со Пари Сен Жермен околу трансферот на Бредлија Б…