
Ситуацијата околу претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, станува се понапрегната.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите кои ги пренесува францускиот L’Equipe, Инфантино во средата во Мароко организирал кризен состанок со водечките фигури на ФИФА.
Се наведува дека првиот човек на светскиот фудбал сериозно е загрижен поради изборите кои го очекуваат наредната пролет.
Според истиот извор, неговата позиција веќе не е ни приближно сигурна како претходно.
L’Equipe тврди дека Инфантино ја изгубил поддршката од дел од националните сојузи.
Покрај тоа, зад него наводно веќе не стои ниту Арсен Венгер, кој во ФИФА ја извршува функцијата директор на глобалниот развој на фудбалот.
Францускиот весник наведува дека Матиас Графстрьом, генералниот секретар на ФИФА и еден од најблиските соработници на Инфантино, повеќе не е безрезервно со актуелниот претседател.
Поради сето ова, во Мароко бил одржан состанок зад затворени врати.