
Најважната приказна од овој трансфер период е брилијантниот бразилски репрезентативец и еден од најдобрите играчи во светот Винициус Жуниор.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
На феноменалниот Бразилец му истекува договорот со Реал Мадрид летото следната година, а во изминативе недели се преговара за потпишување на нов.
Како што обично се случува во такви ситуации, вестите кои доаѓаат се менуваат од ден на ден, па дури и од час во час.
Вчера се појави информација дека Реал не сака да ги исполни условите на Винициус, па затоа Бразилецот донел одлука да не потпише нов договор.
Меѓутоа, денес од Мадрид пристигнуваат нови вести дека преговорите продолжуваат и дури “протече” информација за износот што Кралевите му го понудиле на Винициус.
Станува збор за сума од 22 милиони евра годишно, што е многу повеќе од она што Реал бил подготвен да понуди во почетната фаза на преговорите, но сепак е помалку од она што Винициус бара.