Дома Останати Ракомет Македонските кадети ѝ пресудија на Турција за втор триумф на ЕП

Македонските кадети ѝ пресудија на Турција за втор триумф на ЕП

Македонската кадетска ракометна репрезентација ја забележа и втората победа на Европското првенство во Белград. Избраниците на стручниот штаб одиграа одлично второ полувреме и славеа против Турција со 29-27.

Турските ракометари подобро го започнаа натпреварот и во првиот дел успеаја да ја преземат контролата на играта. Со ефикасна реализација на нападите, Турција на пауза замина со предност од 15-13.

Сепак, Македонија во продолжението покажа карактер и многу подобра игра. Со цврста одбрана и искористување на грешките на противникот, нашите кадети направија целосен пресврт и го задржаа водството до самиот крај за голема победа од 29-27.

Најефикасен во македонскиот состав беше Бобан Поповски со девет постигнати голови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Ракомет

Проверете

Владимир Ќупара: Бундеслигата ми ја врати љубовта кон ракометот

Владимир Ќупара, српскиот репрезентативен голман, ова лето започна ново поглавје во својат…