Дома Фудбал Бразилецот го сака (не)возможното: Откриени детали за договорот на Винисиус со Реал Мадрид

Бразилецот го сака (не)возможното: Откриени детали за договорот на Винисиус со Реал Мадрид

Преговорите за продолжување на договорот на Винисиус Жуниор со Реал Мадрид продолжуваат по долгата пауза, а процесот кој беше прекинат по Светското клупско првенство 2025 година влегува во нова фаза. Разговорите ќе продолжат точно каде што беа запрени, но со нови и посложени прашања на масата. Последната средба во живо помеѓу претставниците на играчот и клубот се одржа додека на клупата на Реал беше Чаби Алонсо, а тогаш договорот беше многу блиску, пишува АС.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


На таа средба во Валдабебас, бразилскиот фудбалер значително ги намали своите првични финансиски побарувања кои се движеа околу 30 милиони евра годишно. Истовремено, Реал Мадрид ја зголеми својата понуда и ставовите на двете страни речиси се совпаѓаа. Иако потписот изгледаше неизбежен, процесот во јули 2025 година изненадувачки беше запрен. Беше необично ниту една страна да не сака да попушти во завршната фаза, кога договорот веќе се сметаеше за речиси постигнат.

Тогаш Винисиус бараше 20 милиони евра нето по сезона, што е пет милиони повеќе од просекот што го имаше според последниот договор од 2022 година. Тој договор, кој не беше јавно споделен повеќе од една година, беше објавен на 31 октомври 2023 година.

Бразилецот потпиша на пет сезони, до 2027 година, за вкупно 75 милиони евра нето, со прогресивен модел на исплата. Неговата плата започна со околу 10 милиони и требаше да порасне до приближно 18 милиони евра во последната сезона. Договорот содржи и клаузула која му носи дополнителни два милиони евра по сезона откако ја освои наградата „The Best“, а истото би важело и за „Златната топка“.

Во новата рунда преговори се појавија дополнителни отворени прашања. Играчот би можел да побара бонус за потпишување на договорот, сличен на оној кој го доби Мбапе, со оглед на тоа дека го приближува крајот на актуелната договорна обврска. Друга клучна точка се правата на слика, кои претставуваат огромен дел од финансискиот пакет.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Флик: Потребно е засилување во нападот. Се зависи од Феран Торес

Тренерот на Барселона, Ханси Флик (61), во понеделникот откако завршија подготовките во Ан…