Дома Фудбал Се подготвува еден од најголемите трансфери досега? ПСЖ бара 170 милиони евра за ѕвездата

Се подготвува еден од најголемите трансфери досега? ПСЖ бара 170 милиони евра за ѕвездата

Ливерпул испрати понуда вредна повеќе од 100 милиони евра за крилниот напаѓач на Пари Сен-Жермен и францускиот репрезентативец Бредли Баркола. Англискиот клуб со тоа започна обид за доведување на еден од клучните играчи на европскиот првак, но ПСЖ ја одби почетната понуда. Францускиот шампион не отстапува од својата оценка и за играчот бара дури 170 милиони евра.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


И покрај големата разлика во цената, преговорите меѓу клубовите сепак започнаа, што отвора можност за еден од најголемите трансфери ова лето. Според информациите на францускиот Foot Mercato, Баркола е приоритет на Ливерпул за засилување на напаѓачката линија. Клубот од Енфилд бара нови решенија бидејќи се очекува трансфер на нивната мета Јан Диоманде во Реал Мадрид.

Италијанскиот новинар Фабрицио Романо известува дека официјалните разговори меѓу двата клуба започнале во понеделникот. Ливерпул се надева дека почетната понуда, иако одбиена, ќе послужи како основа за понатамошните преговори. ПСЖ има силна преговарачка позиција бидејќи договорот на Баркола важи до летото 2028 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Бразилецот го сака (не)возможното: Откриени детали за договорот на Винисиус со Реал Мадрид

Преговорите за продолжување на договорот на Винисиус Жуниор со Реал Мадрид продолжуваат по…