
Џани Инфантино поминува низ еден од најтешките периоди откога е на чело на ФИФА.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Последните недели се соочува со големи притисоци поради неуспешниот план за продажба на дел од комерцијалните права за Светското првенство на приватни инвеститори.
Сепак, според пишувањата на „The Telegraph“, претседателот на ФИФА сè уште има многу моќен сојузник.
Станува збор за претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Британскиот весник наведува дека токму Трамп би можел да игра важна улога во обидот Инфантино да ја задржи својата позиција.
Нив двајца во последните години развија блиски односи, особено во текот на подготовките за Светското првенство 2026 година кое ќе се одржи во САД.