
Лионел Меси се врати на теренот за прв пат по поразот на Аргентина во финалето на Светското првенство, но неговиот Интер Мајами не успеа да стигне до победа против Колумбус, бидејќи натпреварот заврши нерешено со 2:2.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинскиот ас влезе во игра во 53. минута, со овации од навивачите на стадионот во Мајами, што беше негово прво појавување за клубот по завршувањето на Светското првенство.
Само три минути по влегувањето можеше да се запише меѓу стрелците, но по додавање од Луис Суарез, шутираше покрај блиската статива.
Интер Мајами два пати имаше предност благодарение на расположениот Суарез. Искусниот уругвајски напаѓач најпрво со одличен удар од далечина ги доведе домаќините во водство, а потоа при крај на првото полувреме асистираше на Ноа Ален за 2:1.
Колумбус стигна до првото изедначување по автогол на Каземиро, кој на неславен начин го обележа своето деби пред домашните навивачи во дресот на Интер Мајами. Конечните 2:2 ги постави Брајс Мендес со гол од слободен удар во 84. минута.
Messi is back after leading Argentina to its second-straight World Cup Final appearance. 👏 pic.twitter.com/F91Bo3BC4v— Major League Soccer (@MLS) August 2, 2026