Дома Фудбал Арбелоа прави „мал Реал“ во Фулам – носи и трето засилување од Мадрид

Арбелоа прави „мал Реал“ во Фулам – носи и трето засилување од Мадрид

Алваро Арбелоа буквално гради мал Реал Мадрид во Фулам. Откако ги договори трансферите на Гонзало Гарсија и Сезар Паласиос, следен кој ќе дојде кај Арбелоа е – Тиаго Питарч.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Станува збор за среден играч кој го стекна големото доверба на Арбелоа за време на пролетниот дел од минатата сезона. Питарч често започнуваше во првиот состав, а за првиот тим на Реал Мадрид запиша 16 настапи со две асистенции.

Тој потекнал од Атлетико Мадрид, подоцна играл во академиите на Хетафе и Леганес, а во Реал Кастиља пристигнал во 2023 година.

Питарч е роден 2007 година, има и мароканско државјанство, но настапувал за У19 и У20 репрезентацијата на Шпанија.

Фулам ова лето го донесе Џон Куси-Асар од Бајерн Минхен за 6.000.000 евра, а наскоро се очекува да бидат официјализирани и тројца играчи од Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Каква понуда за Мохамед Салах – на маса се 34.000.000 евра!

Трабзонспор испрати официјална понуда до египетскиот напаѓач Мохамед Салах, пренесуваат ту…