
Конфликтот меѓу ФИФА и УЕФА околу иднината на СП дополнително ескалираше, а според пишувањето на шпанскиот весник El Espanol, под знак прашање може да биде и одржувањето на Светското првенство 2030 година.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што наведува овој весник, Шпанија и Португалија се подготвени да се откажат од организација на Светското првенство ако претседателот на ФИФА Џани Инфантино не се откаже од планот да продаде на приватни инвеститори меѓу 20 и 30 проценти од уделот во комерцијалните права на натпреварувањето преку сестринската компанија FIFA Forward Enterprise.
Инфантино на националните федерации им понуди поголеми финансиски приходи за да обезбеди поддршка за овој модел, но предлогот наиде на силен отпор.
Според достапните информации, го одбија сите членки на УЕФА, како и федерации од Азиската фудбалска конфедерација (АФК) и КОНКАКАФ.