Дома Топ вести Реал потврди: Ги одбивме понудите на Интер и Тотенхем, тој е нашата иднина!

Реал потврди: Ги одбивме понудите на Интер и Тотенхем, тој е нашата иднина!

Реал Мадрид потврди дека ги одбил понудите на Интер и Тотенхем за Матео Ковачиќ бидејќи на „Бернабеу“ сметаат дека Хрватот е играч на кого ќе се гради иднината.

Иако медиумите постојано шпекулираат со неговата иднина, директорот на Реал Мадрид, Јозе Ангел Санчез потврди дека Ковачиќ не е на продажба и дека тој е иднината на клубот.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


„Ковачиќ не е на продажба, никогаш нема да го продадеме. Доколку пристигне некоја понуда за него во јануар сигурно ќе ја одбиеме“, потврди Хозе Ангел Санчез.

„Во летото имаше понуди за него, Јувентус и Милан не испратија понуди, но испрати Интер, а од Англија тоа беше Тотенхем. Матео е многу интелегентен и знае дека би играл во стартниот тим во клубавите каде што го бараат, но исто така е свесен дека ние сметаме на него и дека ние многу важен“.

„Ковачиќ е еден од играчите на кои Реал ќе ја гради иднината. Матео уште долги години ќе игра во нашиот клуб“, заклучи спортскиот директор на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…