
Една од можните опции за нов селектор на Италија е Тијаго Мота, кој би можел да ги обедини ставовите на Паоло Малдини, Леонардо и претседателот на ФИГЦ (Фудбалска федерација на Италија) Џовани Малгао.
Според пишувањата на La Gazzetta dello Sport, разговорите со Мота се во тек, а неговото назначување би ги споило ентузијазмот на Малдини и Леонардо за модерна промена во италијанскиот фудбал, со барањата на Малгао за потврдена и искусна фигура.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тијаго Мота во следниот месец ќе наполни 44 години. Како играч настапуваше за националниот тим на Италија, откако во Серија А мина низ Џеноа во 2008 година, потоа и Интер, пред да стане дел од Пари Сен Жермен во јануари 2012 година.
Како тренер, тргна со Џеноа и Специја, а најголемиот успех го постигна во Болоња, каде што за две години го однесе клубот до Лигата на шампионите.
Мота го напушти клубот летото 2024 година за нова позиција во Јувентус, но во март 2025 беше отпуштен по постигнати 18 победи, 16 нерешени и осум порази.