
Фудбалскиот сојуз на Италија (ФИГЦ) донесе одлука дека Андреа Пирло нема да стане селектор на Италија, и покрај тоа што претходно сите детали беа речиси договорени.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Причината за оваа одлука е откривањето во јавноста дека Пирло е глобален амбасадор на руската обложувалница Фонбет, објавува Фабрицио Романо.
Иако Паоло Малдини и Леонарди, техничкиот директор и советник во ФИГЦ, беа подготвени да го именуваат Пирло, по долги дискусии претседателот, Џовани Малаго, реши преговорите да се прекинат.
🚨🇮🇹 Официјално: Именувањето на Андреа Пирло како нов главен тренер на италијанската репрезентација е откажано.
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 27, 2026
Претседателот на Федерацијата, Малаго, одлучи да не продолжи со потписите поради соработката на Пирло со руски обложувалник. ❌ pic.twitter.com/0kym57dEz7
Малаго вчера поминал време со правници анализирајќи ја документацијата за договорот на Пирло со Фонбет, по што му соопштил на легендарниот Италијанец дека нема да биде постигнат договор со него.
Утринава, Пирло им се обрати на медиумите истакнувајќи дека е вознемирен од тоа што неговиот договор со Фонбет се изедначува со поддршка за Русија и потенцира дека не дели исти морални вредности со владата на земјата што ја врши агресијата во Украина.
Сега, главните кандидати за нов селектор на Италија се Антонио Конте и Роберто Манчини.