
Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече дефанзивецот на Барселона, Жерар Мартин, но ќе мора да се избори со сериозната конкуренција на Челси за неговиот потпис.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите на „Ел Насионал“, „росонерите“ и „сините“ пројавуваат силен интерес за Мартин. Се тврди дека италијанскиот тим е подготвен значително да ја зголеми својата понуда за да ги осигури услугите на дефанзивецот.
Првичната понуда на Милан беше во висина од 20 милиони евра, но сега клубот е подготвен да понуди до 35 милиони евра за да го доведе Шпанецот на „Сан Сиро“. Засилениот интерес за Мартин ја потенцира решителноста на Милан да ја зацврсти својата одбранбена линија, која покажа слабости во првата летна контрола. Во неа тимот на Рубен Аморим заврши нерешено 2:2 со Селтик. Во овој натпревар „росонерите“ примија два гола поради неубедливи акции во одбраната, пред да стигнат до израмнување во второто полувреме. Ова е јасен сигнал дека засилувањето на оваа зона е основен приоритет на трансфер пазарот.
Челси, исто така, пројавува сериозен интерес за играчот, но до сега не е дадена официјална понуда за него. Од “Стамфорд Бриџ” се исклучително активни на трансфер пазарот и досега остварија рекордна зделка за Морган Роджерс, а исто така успеаја да ги привлечат Марко Палестра и Жовани Кенда. Се очекува во следните денови да го завршат трансферот на Максенс Лакроа од Кристал Палас. Шефовите на „сините“ сметаат на очекуваната продажба на Трево Чалоба за да го направат својот потег во обидот да го добијат Жерар Мартин.