Дома Фудбал Баркола донесе одлука за својата иднина во ПСЖ, Ливерпул наскоро ќе се активира

Баркола донесе одлука за својата иднина во ПСЖ, Ливерпул наскоро ќе се активира

Крилото на Пари Сен Жермен Брадли Баркола одлучи да не го продолжи својот договор со двојниот европски шампион, известуваат ексклузивно Фабрицио Романо и француските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Договорот на 23-годишниот француски репрезентативец е до јуни 2028 година, но тој веќе ја донесе одлуката да не го обнови. Последната понуда за продолжување на договорот беше одбиена пред три месеци и не се водат преговори меѓу страните, наведува RMC Sport. Главната причина за оваа одлука е неговата улога во тимот, каде што често останува на клупа.

Така, многу е можно Баркола да го напушти ПСЖ уште летово, додека францускиот клуб може да добие солидна сума за него, која ќе биде реинвестирана во замена. Клубовите кои се интересираат за крилото се Ливерпул, Арсенал и Баерн Мјунхен.

Во овој момент, фаворити за неговиот потпис изгледаат мерсисајдците, кои наскоро се очекува да се активираат за Французинот. Сигурно е дека ПСЖ ќе бара сериозна сума за играчот, а во последно време се зборуваше за околу 150 милиони евра, но во секој случај нема да биде помалку од 120 милиони евра. Самите играч исто така сака да премине во Ливерпул, а клучно ќе биде двата клуба сепак да се договорат.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Милан се соочува со Челси во битка за дефанзивецот на Барселона

Италијанскиот гигант Милан е подготвен да направи чекор напред во желбата да го привлече д…