Некогашниот тренер на фудбалерите на Челзи, Андре Виљаш Боаш ќе учествува во следното рели Дакар, соопштија денес од организацијата на трката.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Виљаш Боаш, како што наведуваат ќе вози Тојота Хулкс, а негов совозач ќе биде Рубен Фари.
Португалецот во кариерата, покрај Челзи, ги предводеше Порто, Тотенхем, Зенит и кинески Шангај СИПГ.
Следниот Дакар стартува на 6. јануари 2018. година во Лима, а се завршува во Кордоба 14 дена подоцна.