Дома Фудбал Одложен е почетокот на натпреварот помеѓу Струга и Шкендија Арачиново!

Одложен е почетокот на натпреварот помеѓу Струга и Шкендија Арачиново!

Уште два натпревари од првото коло во македонската Прва лига се играат денеска, но еден од нив нема да започне според предвидениот термин.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Од Струга Трим Лум информираа дека натпреварот против Шкендија Арачиново, кој првично беше закажан за 17:00 часот, ќе стартува со најмалку 30 минути задоцнување. Според најавата на клубот, почетокот се очекува околу 17:30 часот.

За Шкендија Арачиново ова ќе биде историски настап, бидејќи клубот за првпат ќе одигра натпревар во македонската фудбалска елита.

Во меѓувреме, нема промени во распоредот за дуелот во Скопје, каде Вардар ја пречекува Брегалница. Почетокот на овој натпревар останува закажан за 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шокантно откритие: Меси по потекло не е Аргентинец и можел да заигра за најголемиот ривал!

Историчарот Фјоренцо Сантин со тригодишна истрага откри шокантни детали за потеклото на ле…