Дома Останати Тенис Неочекувано: Ѓоковиќ и Синер истовремено се откажаа!

Неочекувано: Ѓоковиќ и Синер истовремено се откажаа!

Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ се повлекоа од Мајсторсот во Монтреал, соопштија организаторите на турнирот.

Канадскиот турнир од серијата Мајсторс 1000 ќе се одржи од 2 до 13 август, но без двата најголеми имиња од првобитната листа учесници.

Синер ја објасни одлуката со желбата да го зачува здравјето по напорниот период и одбраната на титулата на Вимблдон, каде во полуфиналето го совлада токму Ѓоковиќ.

„По внимателно разгледување на сите фактори заедно со мојот тим, донесовме тешка одлука да се повлечам од Монтреал. Никогаш не е лесно да се пропушти ваков важен турнир, но веруваме дека ова е правилна одлука за да му дадам приоритет на моето здравје“, порача Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓорческа сигурна на стартот во Анталија!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со сигурна победа го започна настапот на Чел…