Дома Фудбал Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Шкендија добила намалување на казната за скандалот во купот!

Фудбалерите на Шкендија првите два натпревари од сезоната како домаќин ќе ги игра во Скопје на тренинг-центарот Петар Милошевски.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Поради реконструкцијата на стадионот во Тетово, Шкендија за домашен терен го пријави стадионот во Гостивар, меѓутоа овие два дуели ќе се играат во Скопје поради казната изречена во финалето во Купот минатата сезона.

Шкендија тогаш беше казнета со четири натпревари без присуство на публика, но по жалбата казната се намали на две.

Па така поради подобрата тревна подлога во Тетово одлучиле дуелите да се играат во Аеродром.

Сезоната Шкендија ја отвора против Скопје в недела од 19:00 часот, а вториот натпревар кој ќе го играат на овие терени ќе биде средбата од третото коло на 15 август против Брегалница.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ди Марија: Светското првенство за мене заврши во полуфиналето со Англија

Поранешниот репрезентативец на Аргентина, Ангел Ди Марија, повторно привлече внимание на м…