
Фудбалската репрезентација на Италија ќе мора да причека уште малку за да именува нов селектор, бидејќи двете главни желби на сојузот ја одбија понудата да ја преземат оваа функција.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според информациите од Фабрицио Романо Пеп Гвардиола кажал “не” на понудата од Фудбалскиот сојуз на Италија, а истото го направи и Карло Анчелоти, актуелниот селектор на Бразил.
Гвардиола ја напушти клупата на Манчестер Сити на крајот на минатата сезона, оставајќи длабоки траги со својата работа во периодот од осум години, но сега очигледно сака да се одмори пред да прифати нова работна позиција.
Во Италија го гледаа Гвардиола како идеален лидер кој би можел да го предводи новиот проект на репрезентацијата и да ја оживее фудбалската игра на Апенините.
Италијанците беа спремни да му доверат на Гвардиола целосна контрола врз фудбалските прашања во долгорочниот проект, бидејќи тој не би бил само селектор, туку и “шеф на фудбалот” во земјата, но Пеп сепак ја одби понудата.
Романо наведува дека Гвардиола во моментов сака да се посвети на семејството, да ги наполни батериите, и дури потоа да размисли за неговата кариера.
Сега, ФС Италија треба да се фокусира на преостанатите опции, а веќе се шпекулира дека главниот кандидат за позицијата селектор е легендарниот Андреа Пирло.
Пирло во моментов е тренер на Јунајтед ФК од Обединетите Арапски Емирати
Претходно тој ги предводеше Сампдорија, Карагумрук и Јувентус.