Дома Фудбал Големо враќање: Серхио Бускетс повторно е во Барселона!

Големо враќање: Серхио Бускетс повторно е во Барселона!

Серхио Бускетс официјално се враќа во Барселона, но овој пат не како играч, туку како тренер, потврди каталонскиот клуб денес.

Откако ја заврши играчката кариера во американската МЛС со дресот на Интер Мајами, каде што беше во ист тим со својот голем пријател Лионел Меси, Бускетс реши да ги закачи копачките и да започне ново поглавје во својот живот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на Барселона брзо реагираше. На еден од најдобрите дефанзивни играчи во фудбалската историја веднаш му понудија место во тренерската екипа, што тој со радост го прифати.

Според шпанските медиуми, Бускетс ќе се приклучи на тренерскиот тим на првиот тим, со предизвик да се фокусира на тактичката подготвеност на екипата и индивидуалната работа со младите таленти од академијата Ла Масија кои играат на неговата позиција.

Неговата рафинирана фудбалска интелигенција и длабоко разбирање на позиционата игра беа главните причини поради кои клубот го врати во своите редови.

“Враќањето дома секогаш носи посебна радост. Барселона е мојот живот и клубот кој ми даде сè. Пренесувањето на моето искуство на новите играчки генерации е предизвик кој го очекувам со нетрпение и со нетрпение чекам да започнам”, изјави Бускетс по официјализирањето на соработката.

Да потсетиме, Бускетс играше за првиот тим на Барселона цели 15 години. За каталонскиот клуб одигра над 700 официјални натпревари, постигнувајќи 18 голови, забележувајќи 45 асистенции и освојувајќи 32 трофеи, меѓу кои девет титули на Шпанското првенство и три титули од Лига на шампиони.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Македонски репрезентативец потпиша за клуб од Индонезија!

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски има нов клуб во својата кариера. Напаѓачот и …