Дома Фудбал Италија сака Гвардиола да биде селектор: Му нудат голема плата, но се појави проблем

Италија сака Гвардиола да биде селектор: Му нудат голема плата, но се појави проблем

Личноста којашто би ја сакала италијанската фудбалска федерација на клупата на репрезентацијата е Пеп Гвардиола. За него се подготвени да направат исклучок дури и кога станува збор за платата, иако ограничениот буџет на федерацијата досега се истакнуваше како еден од главните проблеми.

Сепак, како што пренесува Газета, посебните изасланици Паоло Малдини и Леонардо се вратија од Барселона без многу оптимизам. Поранешниот тренер на Барселона, Бајерн и Манчестер Сити е апсолутниот прв избор на раководителите на италијанскиот фудбал, а по разговорот со претседателот на федерацијата му бил претставен амбициозен и сеопфатен проект.

Гвардиола би бил во центарот на целосно нова фудбалска филозофија која не би се однесувала само на сениорската репрезентација, туку би ги опфаќала и младинските категории. Идејата е од корен да се промени начинот на работа во италијанскиот фудбал, а таков проект сигурно би можел да го заинтересира стручњакот кој кон фудбалот пристапува со посебна страст и предаденост.

Малдини и Леонардо се обидоа да го убедат дека би можел да состави стручна екипа која ќе му овозможи што повеќе време да поминува со семејството во Барселона. Сепак, Гвардиола е загрижен за обемот на работа и одговорностите кои би ги преземал.

Шпанскиот тренер не е навикнат да работи со половина сила. Неговата кариера покажува дека на секоја работа се посветува максимално, поради што постигнуваше врвни резултати каде и да работеше. Овој пат на своето семејство им вети дека подолго ќе остане со нив, што не можеше од времето поминато во Бајерн.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најевтиниот билет за Македонија и Швајцарија по цена од 500 денари!

Фудбалската федерација на Македонија ги информираше навивачите и љубителите на фудбалот де…