Дома Фудбал Гави инсистира ФИФА да го помилува Паредес (Видео)

Гави инсистира ФИФА да го помилува Паредес (Видео)

Фудбалерот на Барселона и шпанската репрезентација Гави изјави дека смета оти аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес не треба да биде суспендиран поради инцидентот кој се случи по завршувањето на финалето на Светското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По победата на Шпанија над Аргентина со 1:0, на теренот изби кавга во која учествуваа аргентинските репрезентативци Леандро Паредес, Нахуел Молина и Тијаго Алмада, како и помошниот тренер Роберто Ајала.

Според видеата, Паредес со рака го фатил за вратот шпанскиот репрезентативец Ерик Гарсија, додека Гави, кој не влезе во игра, се обиде да се вмеша, но Алмада го турна на терен. Паредес го потоа го турна Гави, ставајќи му ја раката на лицето.

ФИФА покрена дисциплинска постапка и именуваше истражител кој ќе ја утврди одговорноста на сите учесници на инцидентот. Во зависност од исходот на истрагата, одредени играчи или членови на стручниот штаб би можеле да бидат суспендирани, додека Аргентинската фудбалска федерација се соочува со парична казна.

„Не мислам дека Паредес треба да биде суспендиран. Разбирам дека тоа не е добра слика за децата, но фудбалот има и таа физичка, агресивна страна. Најлогично би било да беше исклучен за време на натпреварот и на тоа да заврши. На крајот, сето тоа е дел од фудбалот“, рече Гави за радио КОПЕ, а пренесе Би-Би-Си (BBC).

.
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал Мадрид се договори со Родри, а потоа следуваше шок од Манчестер

Реал Мадрид сериозно започна обид за доведување на Родри од Манчестер Сити. Според информа…