Дома Фудбал Рига победи на роденденот на Вардар во Скопје и си обезбеди предност за реваншот (Видео)

Рига победи на роденденот на Вардар во Скопје и си обезбеди предност за реваншот (Видео)

Вардар го загуби првиот натпревар од двомечот со Рига која денеска во Скопје победи со 3-2.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Рига го имаше поседот на топката во почетните минути на своја страна, но сепак Вардар беше тој кој прв стигна до водство. По една одлична контраа, Кастанеда, мајсторски се ослободи од својот чувар и во 28-та минута го матираше гостинскиот голман за 1-0.

Сепак, радоста на Вардар не траеше долго. Давор Талески на голот на „црвено-црните“ лошо реагираше во 35-тата и Гало со глава погоди за израмнување. Само четири минути Иаго Сигуера се погрижи и за целосен пресврт.

Вардар во второто полувреме тргна по пресврт и ја преземе иницијативата. Таквата игра ја искористи Жерсон Родригес кој беше стрелец во 66-тата минута. Но, на крајот ниту тоа не беше доволно за Вардар на реваншот да патува со позитивен резултат.

Реџиналдо Рамирес на десетина минути пред крајот постигна трет гол за Рига и ги постави конечните 3-2.

Така, Вардар на својот 79-ти роденден не успеа да се израдува на победа или барем реми, па за седум дена на гости ќе брка негатива со надеж дека ќе го продолжи европското лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е идеалниот тим на Мундијалот, Возиња е иднината!

ФИФА ја состави најдобрата репрезентација на Светското првенство врз основа на гласовите н…