
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, има предлог претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да биде кандидат за нов генерален секретар на Обединетите нации, пишува Њујорк пост, повикувајќи се на извори од Белата куќа.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според овие информации, Трамп смета дека Инфантино ужива широко меѓународно почитување и поседува вештини за обединување на луѓето, што го прави идеален наследник на Антонио Гутереш, чиј мандат завршува во декември.
Инфантино, кој од 2016 година ја води ФИФА, претходно најави дека планира да се кандидира за нов мандат на чело на светската фудбалска организација. Досега не ги коментирал информациите за можната кандидатура за позицијата на чело на ОН.
За избор на генерален секретар на ОН е потребна поддршка од Советот за безбедност, по што следува одлука на Генералното собрание на Обединетите нации.
Американските медиуми известуваат дека, доколку Инфантино прифати кандидатура и биде избран, ќе мора да се откаже од значајно повисокото примање што го добива како претседател на ФИФА.
За време на последното Светско првенство, што го организираа Соединетите Американски Држави, Канада и Мексико, Трамп и Инфантино неколкупати ја делеа јавната сцена, вклучувајќи ја и церемонијата на доделување на трофејот по финалето.