Дома Останати Тенис Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

Ѓорческа ќе се бори за настап на нов грен-слем!

По историскиот настап на Вимблдон, најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ќе има можност да се избори и за место на последниот грен-слем турнир во сезоната, УС Опен.

Нејзиното име се најде на официјалната листа на пријавени тенисерки, но со актуелниот пласман на 214. позиција на ВТА листата, настапот во главната ждрепка ќе мора да го обезбеди преку квалификациите. Според објавената листа на организаторите, тенисерките рангирани од 103. место па надолу ќе играат квалификации, освен оние кои ќе добијат специјална покана.

Минатиот месец Ѓорческа испиша нова страница во македонскиот тенис, откако успешно ги мина сите три квалификациски рунди на Вимблдон и за првпат во кариерата настапи во главната ждрепка на еден Гренд слем турнир. Во првото коло беше поразена од Американката Аманда Анисимова, шеста носителка на турнирот, но тоа воопшто не го засени нејзиниот историски успех.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Кирјос одработи скратена суспензија за скандалот со допинг!

Австралискиот тенисер Ник Кирјос прифати и одработи скратена суспензија од еден месец пора…