
Легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро го откри својот фаворит кога станува збор за освојувањето на Златната топка за минатата сезона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
По завршувањето на Светското првенство, започнаа дилемите околу тоа кој би требало да ја добие оваа престижна награда, а мислењата се сосема различни.
Многумина беа убедени дека Златната топка е резервирана за Лионел Меси, особено ако Аргентина ја одбранеше титулата светски шампион. Сепак, бидејќи тоа не се случи, шансите за нова Златна топка за Меси се намалија значително.
Фудбалската јавност верува дека наградата треба да оди во рацете на некој од репрезентацијата на Шпанија, којашто успеа да го освои Светското првенство.
Главен фаворит според многумина е Ламин Јамал, но често се спомнува и Родри, кој имаше извонредно првенство.
Сепак, Родри немаше најдобра сезона во својот клуб, што би можело да биде пресудно за него. Поради ова, не треба да се исклучи некој од Пари Сен Жермен, кој го одбрани тронот во Лигата на шампионите, особено Осман Дембеле.
Но, за оваа тема се огласи и легендарниот Фабио Канаваро, кој изјави дека Златната топка ја заслужува Пау Кубарси, кој имаше одлична сезона како на клупско, така и на репрезентативно ниво. Тој не разбира зошто дефанзивците се запоставуваат.
“Јас ја освоив Златната топка откако ја освоив Светското првенство и титулата со клубот. Не гледам причина зошто Пау Кубарси да не го направи истото оваа година”, изјави Канаваро и продолжи.
“Сметам дека Кубарси имаше и подобра сезона и Светско првенство од мене во 2006 година. Искрено верувам дека тој ја заслужува Златната топка повеќе од сите што се спомнуваат во медиумите деновиве”.
🇮🇹 FABIO CANNAVARO: „Ако јас ја освоив Златната топка откако го освоив Светското првенство и лигата, зошто да не може Пау Кубарси да ја добие?
— Motivaciones Fútbol (@MotivacionesF) July 21, 2026
„Според мене, Кубарси имаше сезона и првенство дури и подобри од моите од 2006 година.
„Мислам дека заслужува да ја добие Златната топка повеќе од сите.” pic.twitter.com/O2Qqh9LCNH