Дома Фудбал Пеп ги шокирал Италијанците во само 60 секунди!

Пеп ги шокирал Италијанците во само 60 секунди!

Големите планови на Паоло Малдини и Леонардо нема да се остварат, откако ќе мораат да бараат нови решенија за опоравување на италијанскиот фудбал.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пеп Гвардиола ја одби поканата од Фудбалската федерација на Италија да стане селектор, истакнувајќи дека нема намера да се врати на тренерската позиција додека не направи подолг одмор од фудбалските обврски.

Според информациите на “ЕСПН”, разговорот помеѓу доскорашниот менаџер на Манчестер Сити и челниците на италијанската федерација траел само 60 секунди, во текот на кои легендарниот Шпанец јасно даде до знаење дека сака најмалку година одмор пред да размисли за новиот ангажман.

Гвардиола го заврши своето десетгодишно владеење на клупата на Сити во мај, а интересот за неговата услуга е огромен.

Италијанците го сметаа за спасител и идеален кандидат за селектор, особено по тоа што нивната репрезентација не учествуваше на последните три Светски првенства.

Покрај Италија, интерес за еден од најуспешните тренери на современието има покажано и Холандија, која исто така бара нов селектор по оставката на Роналд Куман.

Сепак, независно од бројните понуди, Гвардиола е решен да направи пауза од фудбалот и дури потоа да донесе одлука за следниот професионален предизвик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Aргентинците се налутија: Подготвуваат тужба!

Фудбалската федерација на Аргентина има намера да започне правни чекори поради разни обвин…