Дома Фудбал Атлетико и Арсенал постигнале договор, но Алварез не сака ниту да слушне

Атлетико и Арсенал постигнале договор, но Алварез не сака ниту да слушне

Според информациите кои ги пренесува познатиот шпански портал Ел Чирингито ТВ, Атлетико Мадрид и Арсенал склучиле целосен договор за трансферот на аргентинскиот напаѓач Хулијан Алварез на Емиратес во Лондон. Сепак, играчот категорично ја одбива оваа опција.

Раководството на Арсенал понуди пакет вреден десетици милиони евра, од кои 50 милиони евра ќе им припаднат на Мадрид, додека во спротивна насока би заминал шведскиот напаѓач Виктор Гјокереш.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Управата на Атлетико го процени како понуда која не се одбива, зашто добиваат одлична замена во нападот и значителни финансиски средства, и брзо дадоа зелено светло за реализација на договорот.

Но, Хулијан Алварез одлучно одби да преговара за личните услови со Арсенал, со што еднострано го блокираше веќе договорениот трансфер меѓу двата клуба.

Причината за оваа радикална одлука на аргентинскиот репрезентативец лежи во неговите јасни амбиции. Алварез нема намера да се враќа во Англија, туку како своја единствена посакувана дестинација ја гледа Барселона.

Понатаму, напаѓачот од челниците на Атлетико Мадрид изрично бара да го почитуваат претходно даденото ветување дека нема да му создаваат пречки ако се појави можност за трансфер во редовите на каталонскиот гигант.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Историски преседан на ФИФА: Мундијал во две години!

Светското првенство во Саудиска Арабија во 2034 година би можело да донесе историски пресе…