Дома Фудбал Бразилецот кажал „да“, Арсенал може да добие големо засилување

Бразилецот кажал „да“, Арсенал може да добие големо засилување

Арсенал е решен да го доведе Бруно Гимараеш на Емирати.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


По првичниот неуспех, Арсенал сега подготви нова понуда од околу 82.000.000 евра, со цел да го придобие фудбалерот од Њукасл.

Иако пред тоа се шпекулираше дека Англичаните нема да го пуштат за помалку од 100.000.000 евра, ситуацијата се измени поради тоа што играчот изразил желба да ја смени средината, а воедно веќе ги договорил и личните услови со Арсенал.

Микел Артета цврсто верува дека двојката Бруно-Деклан Рајс треба да биде столбот на новиот, засилен Арсенал, особено по неуспехот на Мартин Зубименди во клучните моменти на сезоната.

Бразилецот смета дека неговото време во Њукасл завршило, особено по заминувањето на Сандро Тонали во Тотенхем, што ја поттикнува неговата желба за трансфер.

Бруно пристигна во Њукасл од Лион во летото 2022, за трансфер од 42.000.000 евра.

Од тогаш има одиграно 195 натпревари, забивајќи 31 гол и остварувајќи 32 асистенции, кои го вбројуваат меѓу најдобрите играчи среден ред во Премиер лигата последниве години.

На 28 години, Бразилецот чувствува дека е во зенитот на својата кариера и Арсенал би бил вистинскиот потег напред за неговата кариера.

Дали ќе се најде некој што ќе го спречи ова дуо ако Бруно пристигне?

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Италија на нозе: Стигнаа нови вести за Пеп Гвардиола!

Италијанската репрезентација може да добие едно од најгласните тренерски имиња во светот. …