Дома Фудбал Ибрахимовиќ испрати жестока порака до Паредес! “Имаше среќа, да бев јас таму…”

Ибрахимовиќ испрати жестока порака до Паредес! “Имаше среќа, да бев јас таму…”

Легендарниот Златан Ибрахимовиќ се осврна на конфликтот во кој учествуваше аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес по завршувањето на натпреварот за титулата светски првак.

Ибрахимовиќ не го сокри своето незадоволство од начинот на кој одредени играчи реагираа за време на инцидентот, особено поради реакцијата на шпанските фудбалери.

“Не знам што прават шпанските играчи. Тие само стојат и гледаат како противничкиот играч го удира нивниот соиграч”, порача Ибрахимовиќ.

Особено ја коментираше улогата на Паредес во целата ситуација, со неговата препознатлива доза на темперамент.

“Паредес може да смета дека имал среќа што не бев на теренот. Да бев таму, ќе го ударев со глава и ќе добиев црвен картон”, рече Ибрахимовиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Некогаш беше бразилска ѕвезда денеска е бездомник: Не сакам луѓето да знаат дека постојам

Регис Питбул беше познато име во бразилскиот фудбал. За време на неговата кариера, играше …