
Лука Модриќ би можел да ја заврши својата репрезентативна кариера почетокот на октомври, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Според извештајот на „Газета дело Спорт“, овој легендарен играч за врска планира да ги одигра следните репрезентативни дуели и првите четири натпревари од Лигата на нации, по што би се насочил целосно кон Милан.
„Модриќ ќе се фокусира целосно на Милан по 6 октомври, кога ќе се прости од хрватскиот дрес на натпреварот од Лигата на нации против Шпанија во Сплит. Одлуката веќе му ја соопшти на селекторот Билиќ, а наскоро ќе биде објавено и на навивачите“, наведува италијанскиот весник.
Доколку овие информации се покажат како точни, мечот со Шпанија на полниот Полјуд ќе биде последното шоу на хрватскиот капитен пред повеќе од 30.000 домашни поддржувачи.
Досега Модриќ одигра 202 натпревари за хрватската репрезентација и постигнато 29 гола. Со националниот тим ги освои сребрениот медал на Светското првенство 2018 и бронзата четири години подоцна во Катар.
Во 2018 година ја доби Златната топка за најдобар светски фудбалер, како и признанието за најдобар играч на Мундијалот во Русија. Неговото заминување би означило крај на една од најсјајните репрезентативни кариери во историјата на хрватскиот фудбал.