Дома Фудбал Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс ги спакувал куферите: Кариерата ја продолжува во Англија

Нико Вилијамс најверојатно го напушта Атлетик Билбао и кариерата ја продолжува во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Крилниот напаѓач на репрезентацијата на Шпанија и Атлетик Билбао, Нико Вилијамс, би можел да ја продолжи својата кариера во Англија.

Имено, според пишувањата на островските медиуми, актуелниот шампион на Англија, Арсенал, е заинтересиран за Вилијамс.

Наводно, „топџиите“ се подготвени да ја платат откупната клаузула во износ од 90 милиони евра, што е всушност услов за реализација на овој трансфер.

Меѓутоа, Арсенал не е единствениот кој го сака Вилијамс во своите редови со оглед на тоа што за неговите услуги се заинтересирани и Барселона и Ливерпул.

Во секој случај, се попоизвесно е дека 24-годишниот крилен напаѓач ги брои своите последни денови во “баскискиот гордост”, а наскоро ќе дознаеме каде ќе ја продолжи кариерата.

Најверојатно тоа е Арсенал, но сепак треба да бидеме наоружани со трпение бидејќи во вакви ситуации работите често се менуваат од ден на ден.

Инаку, Вилијамс во досегашната кариера настапуваше само за Атлетик, па ќе биде интересно да видиме како ќе се снајде во новата средина.

Да додадеме и дека Арсенал, покрај потрагата по крилен напаѓач, истовремено работи и на зајакнување на одбранбената линија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Реал може да побара големиот херој на Шпанија, кој е во Барселона

Шпанскиот фудбалски репрезентативец и напаѓач на Барселона, Феран Торес, е опција за новат…