Дома Фудбал Teбас брутално го нападна Инфантино: Мора веднаш да си замине!

Teбас брутално го нападна Инфантино: Мора веднаш да си замине!

Организирањето на Светското фудбалско првенство во Америка привлече бројни критики од навивачите и реномирани фудбалски работници. Меѓу последните што остро ја критикуваше ФИФА е Хавиер Тебас.

Претседателот на шпанската Ла Лига не избираше зборови во својата најнова критика кон ФИФА и нејзиниот лидер Џани Инфантино, кому му порача дека е време да ја напушти функцијата претседател.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


“ФИФА ги организира работите според сопствениот интерес и за нивна корист, а не за доброто на фудбалот. Ако им треба одмор од 27 минути, тие ќе го воведат. Паузите за освежување се фарса”, изјави Тебас во интервју за италијанската Gazzetta dello Sport по враќањето од Америка, каде го следеше финалето меѓу Шпанија и Аргентина.

Паузите за хидратација особено го нервираа, па токму нивното воведување беше најкритикувано од негова страна.

“Во Ла Лига ги користиме само во случај на висока топлина. Но овде, стадионите во Далас, Лос Анџелес и Атланта беа климатизирани. На трибините дури и морав да носам џемпер. Тоа не беше пауза за играчите, туку реклама пауза”, нагласи Тебас.

Исто така тој истакна дека светската фудбалска федерација ваквите одлуки ги носи без консултации со луѓе кои секојдневно се во фудбалот.

Се осврна и на најголемиот скандал на Светското првенство – поништениот црвен картон за Фоларин Балогун, кој напаѓачот на Америка го доби на натпреварот од осмина финалето против Босна и Херцеговина.

“Имаа среќа што Белгија го елиминираше САД. Во спротивно, можеше да избие афера која би го чинела Инфантино неговата позиција. Бидејќи Белгија помина, сè беше замолчено, но тоа е само врвот на ледениот брег”, порача првиот човек на шпанскиот клупски фудбал.

Тој предупреди дека ФИФА на овој начин го уништува фудбалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона се насочува кон еден од светските шампиони

Барселона покажува сериозен интерес за Ејмерик Лапорт, известува каталонското издание „Спо…