Дома Фудбал Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Aргентинците се вратија дома, но Меси не се појави на прославата (Видео)

Фудбалската репрезентација на Аргентина беше дочекана по враќањето од Светското првенство, каде што завршија на второто место.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Меѓу играчите не беше капитенот Лионел Меси, кој со приватен авион се упати кон неговиот роден град Росарио.

Поради неговото отсуство, првиот играч кој се појави пред насобраните, веднаш по претседателот на Фудбалската федерација на Аргентина, беше заменик капитенот Никола Отаменди.

Аргентинските навивачи масово ги поздравија вицешампионите на улиците на Буенос Аирес, иако тимот загуби во финалето.

Поради огромниот интерес во последен момент беше изменет планот за дочек, па фудбалерите започнаа парада низ градот со автобус без покрив.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Рига победи на роденденот на Вардар во Скопје и си обезбеди предност за реваншот (Видео)

Вардар го загуби првиот натпревар од двомечот со Рига која денеска во Скопје победи со 3-2…