
Фудбалерите на Вардар ќе имаат и финансиски мотив пред двомечот со Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига. Клубот одлучи да ги награди „црвено-црните“ со премија од 100.000 евра доколку успеат да го елиминираат летонскиот тим и да обезбедат место во следната фаза од натпреварувањето.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во таборот на Вардар владее позитивна атмосфера и верување дека екипата може да продолжи со добрите европски настапи, а најавената премија треба да претставува дополнителен стимул за играчите во пресрет на двата клучни натпревари.
Првата пресметка меѓу Вардар и Рига ќе се одигра утревечер од 20:00 часот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, додека реваншот е закажан за 28 јули во Летонија, кога ќе биде познат патникот во следното квалификациско коло од Конференциската лига.