Дома Фудбал Лука Модриќ останува во Милан

Лука Модриќ останува во Милан

Еден месец и половина пред својот 41 роденден, ЛУКА МОДРИЌ склучи договор за останување во Милан за уште една сезона, продолжувајќи го договорт со клубот кој му истече на крајот од минатиот месец.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Италијанскиот Sky Sport ова го соопшти доцна синоќа. „Росонерите ги финализираат преговорите за продолжување на договорот со хрватскиот играч од средината, кој се подготвува да потпише до 30 јуни 2027.

Модриќ пристигна во Милан минатото лето и во првата сезона оствари 34 настапи, постигнувајќи два гола и три асистенции. И на 40 години, Модриќ успеа да се докаже како врвен играч, што беше причина Милан да одлучи да го продолжи неговиот договор.

По неколку недели преговори со хрватскиот играч од средината, договорот е се поблиску до финализирање, остануваат уште само последните детали. Модриќ е подготвен да се обврзе за уште една сезона, до 30 јуни 2027“, се додава во извештајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Има само 22 години, а ќе игра за седмиот клуб во кариерата!

Колумбискиот фудбалер Џон Дуран следната година ќе игра како позајмен играч во редовите на…