Дома Фудбал Јувентус тргнува по Давид де Геа?

Јувентус тргнува по Давид де Геа?

Јувентус разгледува можноста да го ангажира Давид де Геа, доколку не успее да го договори трансферот на Емилијано Мартинез, пренесува Calciomercato.

Аргентинскиот голман моментално е приоритет за позицијата на голман кај клубот од Торино, кој подготвува разговори за неговиот трансфер.

Во меѓувреме, како потенцијална опција се спомнува де Геа, иако Фиорентина засега не е подготвена да го продаде шпанскиот чувар на мрежата.

Де Геа има договор со Фиорентина до летото 2028 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Од школата до професионален статус: Шкендија смета на Џеладини и Абдурамани

Лириан Џеладини потпиша на две години, а Анес Абдурамани на три и пол. Двајцата млади фудб…