Дома Фудбал Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го донесе Морган Роџерс за 137 милиони евра

Челзи го комплетираше еден од најголемите трансфери за време на летниот преоден рок. Морган Роџерс пристигна од Астон Вила за импресивна сума од 137 милиони евра и потпиша договор со лондонскиот клуб на шест години.

Клубот од Стемфорд Бриџ во договорот вклучи опција за продолжување на соработката до јуни 2033 година, со што долгорочно се обезбедија со еден од најперспективните млади англиски фудбалери.

Астон Вила нема да добие бонуси или дополнителни исплати.

Целосната сума од 137 милиони евра е фиксна и ќе оди директно на сметката на клубот од Бирмингем, а со оваа зделка, Роџерс стана најскапиот играч во историјата на Челзи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Гаштаров одигра цел меч во пресвртот на Звезда: „Немаше паника“

Матеј Гаштаров беше на теренот во текот на целиот натпревар во кој Црвена звезда го совлад…