Дома Фудбал Легендарен дрес на Пелес продаден за речиси 5 милиони долари (Фото)

Легендарен дрес на Пелес продаден за речиси 5 милиони долари (Фото)

Дресот кој Пеле го носеше во финалето на Светското првенство 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција на куќата „Sotheby’s“ во Њујорк.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Тоа е вториот највреден фудбалски дрес некогаш продаден на аукција. Пред него е само дресот на Аргентина кој Дијего Марадона го носеше против Англија на Светското првенство 1986 година, кога го постигна прочуениот гол „Со Божја рака“, и кој во 2022 година е продаден за околу 9,3 милиони долари.

За дресот на Пеле пристигнаа вкупно 10 понуди од повеќе од пет купувачи, со што стана највредниот предмет поврзан со бразилската легенда некогаш продаден на аукција.

Истиот дрес во 2004 година беше продаден за 105.600, што дополнително покажува колку е зголемена неговата вредност во последните две децении.

🇧🇷👕 Дресот кој Пеле го носеше за време на финалето на Светското првенство 1958 година е продаден за 4,9 милиони долари на аукција во Њујорк. 💰 (@BBCSport) pic.twitter.com/NH7lbFNoT3— EuroFoot (@eurofootcom) 20 јули 2026

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Покажа почит: Oва е единствениот Аргентинец кој ги испочитува Шпанците на прославата!

Додека аргентинските фудбалери разочараа голем дел од фудбалскиот свет со своето однесувањ…