Дома Фудбал Хрватски фудбалер може да направи трансфер од 80 милиони евра!

Хрватски фудбалер може да направи трансфер од 80 милиони евра!

Според последните информации од медиумите Мартин Батурина ќе го напушти тимот на Комо ова лето и ќе ја продолжи кариерата во Англија.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Пред Комо стои историски трансфер, а во центарот на интересот се наоѓа токму Мартин Батурина.

Три екипи од Премиер лигата го следат внимателно, но Фабрегас нема да го пушти лесно без рекордна понуда што мора да пристигне на адресата на Комо.

“Ако добиеме понуда, ќе ја разгледаме внимателно. Ќе ја прифатиме само ако ни одговара, но нема да имаме ни најмал проблем да ја одбиеме.

Минатото лето одбивме 60 милиони евра за Ассане Диао, но не можам да го откријам клубот што ја понуди сумата.

Во јануари имавме понуда од 40 милиони евра за Адаи,” изјави претседателот на Комо, Суварсо.

Батурина имаше фантастична сезона во Комо, а се истакна и со одличен перформанс на Светското првенство во дресот на Хрватска.

Беа тој и Паз клучните играчи на Комо кој финишираше на четвртото место минатата сезона.

Според информации од Италија, клубовите што го посакуваат Батурина се Астон Вила, Тотенхем, и Манчестер Јунајтед.

Комо чека понуда и ќе реагира кога таа евентуално стигне.

Наводно, Комо бара дури 80 милиони евра за да го ослободи Батурина ова лето за некој од овие три англиски клуба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

(Видео) Ваков не сте го виделе: Ричарлисон во транс поради голот на Шпанија!

Бразилскиот фудбалер Ричарлисон предизвика големо внимание на социјалните мрежи откако по …